Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по нецели четири месеци функционирање, извешти Општината. Повеќе причини има за стопирање на превозот, велат градските власти. Според нив јавниот превоз ќе продолжи по завршување на согледување на состојбите околу вработените и финансиите на јавното претпријатие. Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива на 16 август годинава во време на претходната градоначалничка. За потребите на претпријатието беа набавени пет автобуси.
„Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетовo транспорт“ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие“, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Новите тетовски автобуси никако да тргнат
Поранешнтата градоначалничка Теута Арифи автобуските ги промовираше на 17 јануари годинава, но и покрај најавите дека превозот ќе стартува брзо, тоа се случи дури во август.