Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми. Според извештаите, експлозивна направа е пронајдена под полициско возило кое обезбедувало митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт.
Турција нуди да посредува меѓу Украина и Русија
Бомбата, која била пронајдена само неколку минути пред почетокот на митингот, брзо била деактивирана.
Според првичните информации, бомбата била активирана со далечински управувач. Од експлозивната направа и автомобилот биле земени отпечатоци.
Во тек е истрага за инцидентот.