Посмртните останки на 45 лица кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија утре изутрина со два воени транспортни авиони ќе бидат транспортирани од Бугарија во С. Македониј, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.
Бугарија ќе обезбеди два воено-транспортни авиона, изјави Ангелов на новинарско прашање по посетата на општина Штип.
Од Министерството за надворешни работи исто така најавија дека утре претпладне, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе пристигнат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија.
Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов денеска изјави дека се идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“.
Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа
„Откако останките ќе бидат транспортирани во Скопје, преку организиран државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови“, изјави вчера портпаролот на македонската влада Муамет Хоџа.
Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.