Македонската фудбалска репрезентација во полуфуналето на плејофот за пласман на Светското првенство 2022 кое ќе се игра во Катар ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија. Доколку црвено жолтите победат во финалето, потоа ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Македонија на првата средба ќе биде гостин., бидејќи не беше носител на денешната ждрепка во Цирих.
Македонските фудбалери изборија бараж за пласман на Светското првенство
Полуфиналињата се закажани за 24 март наредната година, а финалните дуели на 29 март. Од овој циклус, плејофот се игра според нов систем, кој се состои од три групи со по четири селекции.
Од Европа, директен пласман на првенството обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи, односно Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија.