Партиите кои ќе ја формираат новата германска влада го поддржуваат отворањето на преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, продолжувањето на преговорите со Србија и Црна Гора и визната либерализација за Косово. „Го поддржуваме процесот на пристапување во ЕУ на шесте земји од регионот на Западен Балкан и неопходните реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген. Во овој контекст, го зајакнуваме граѓанското општество и поддржуваме понатамошни чекори кон пристапување во ЕУ“, стои во коалицискиот договор на Социјалдемократската партија, Зелените и Слободните демократи.
ЕК ја критикува блокадата за старт на преговори со Скопје
Во параграфот кој се однесува на Западен Балкан се додава дека „следно мора да биде отворањето на првите поглавја во пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, усвојување на визната либерализација со Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија“.
Зелените гласаа за продолжување на коалициските разговори за влада
Трите партии, исто така, велат дека го поддржуваат дијалогот предводен од ЕУ за нормализација меѓу Косово и Србија и напорите за траен мир во Босна и Херцеговина изграден на територијален интегритет и надминување на етничките поделби. Паралелно со пристапните преговори, ЕУ мора да го подобри својот капацитет за прием на нови членки, се додава во коалицискиот договор од 177 страници. Западен Балкан и неговата европска перспектива беа споменати и во коалицискиот договор меѓу претходната германска влада.