Светската полициска агенција Интерпол денеска во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за човекови права предупредуваат дека генерал обвинет за „тортура“ би можел да биде назначен на таа функција.
Генерал Ахмед Насер ал Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше за иден претседател на Интерпол со мандат од четири години.
Тој од минатата година води кампања за претседател, а пред него има само еден кандидат, Шарка Хавранкова од Чешка.
ЕУ на удар на организираниот криминал како никогаш досега
Ел Раиси, кој веќе е член на извршниот комитет на Интерпол, во саботата рече дека приоритет му е заштитата на човековите права дома и во странство. Сепак, неодамнешниот извештај на МЕНА ги опишува рутинските прекршувања на човековите права во безбедносниот систем на неговата земја, каде адвокатите, новинарите и активистите беа насилно мачени, произволно притворени и заплашувани поради нивната мирна борба за основни слободи и права. Неколку тужби за „тортура“ против Ел Раиси беа поднесени во последните месеци во Франција, каде што е седиштето на Интерпол, и во Турција, земјата домаќин на Генералното собрание.