Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна за германските војници во иднина бидејќи бројот на нови инфекции продолжува да расте низ целата земја, одлучи германското Министерство за одбрана.
Министерството потврди дека официјалните лица и претставниците на војниците се согласиле вакцината против коронавирус да биде додадена на списокот на вакцини што војниците мора да ги примат.
Вакцината против коронавирус сè уште не е официјално додадена на списокот, соопшти денеска Министерството.
Германија планира заклучување за невакцинираните
Според податоците, вчера имало 1.215 активни инфекции со корона вирусот кај припадниците на армијата и Министерството за одбрана. Германија пријави 45.326 нови инфекции во претходните 24 часа и 309 смртни случаи од последиците на инфекцијата.
Од 83 милиони Германци, околу 68 проценти се целосно вакцинирани, што е многу под прагот од 75 проценти што го постави владата како цел.