Во изминатото деноноќие евидентирани се 155 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.179 тестирања. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица.
Кризниот штаб без заклучоци за новите анти-ковид мерки, на потег Владата
Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449. Бројот на активни случаи изнесува 8.290 од кои најголем број на активни случаи се евидентирани во Скопје, вкупно 3 857.
Грозданова- Медицинските лица кои не веруваат во вакцините не треба да бидат дел од здравството
Потоа следен град на листата е Битола со активни 666 случаи од ковид-19, па следува Прилеп со активни 392 случаи на заразени со ковид-19. Најмалку активни случаи на заразени со ковид-19 се евидентирани во Дебар само еден случај, потоа Демир Капија со 3 и Македонски број вкупно 6 активни случаи.