Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 317 пациенти, а починати се 18 лица, од кои 7 починати лица од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Одпријавените сите лица се починати во болнички услови.
Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени дополнителни починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.