Во Загреб граѓаните излегоа на протест против ковид потврдите и епидемиолошките мерки, пренесуваат локалните медиуми. Собирот на граѓани започна на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот.
Протести во Австрија против новите ковид мерки
Загрепската полиција соопшти дека денешниот протест не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот.
Во пресрет на протестот, дел од демонстрантите ги искажаа своите барања за укинување на ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основното уставно право на работа.
„Наша граѓанска должност е да се спротивставиме на дискриминацијата на секој човек, да се спротивставиме на општествените поделби и користењето на оваа дискриминаторска потврда како основа за тоа“, се вели во соопштението потпишано од граѓани, учесници на „Белиот тивок марш“.