Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа nаправени се 3.859 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 317 пациенти, а починати се 11 лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп - 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Според соопштението, во однос на 33 годишното починато лице, тоа било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, е пријавено 1 починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.
Филипче: Граѓаните имаат избор или да си платат тест, или да се вакцинираат бесплатно
Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.