Ерменските власти тврдат дека шест ерменски војници се убиени во новите гранични судири со Азербејџан, кои избувнаа претходно оваа недела, но брзо беше постигнат прекин на огнот.
Азербејџанската страна, пак, соопшти дека седум нивни војници се убиени, а 10 други се повредни во борбите кои се случија на 16 ноември. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека другата е виновна на судирите.
Во денешното соопштение, ерменското Министерство за одбрана ги соопшти имињата на загинатите војници, а се наведува дека идентитетот на уште еден загинат војник допрва треба да се утврди.
Министерството претходно соопшти дека изгубиле комуникацијата со 24 војници, а 13 се заробени од азербејџанските сили.
По судирите на 16 ноември, Ереван и Баку се договорија да ги прекинат непријателствата на нивната граница. Ситуацијата долж границата е напната од ланската војна, во која загинаа најмалку 6.500 луѓе.
Ерменија и Азербејџан пријавија жртви по обновените судири
Конфликтот заврши со прекин на огнот со посредство на Русија, со кој на Баку му се даде контрола на делови од регионот, како и на соседните територии окупирани од Ерменците. Околу 2.000 руски војници беа распоредени во областа како дел од договорот за примирје.
Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но беше под контрола на етничките ерменски сили поддржани од Ерменија од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година.