Полициски службеници ноќеска пронашла 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана во селото Аме, дебарско, во близна на граничната линија со Република Албанија, соопшти МВР.
По извршениот увид било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.
Легалната марихуана завршува на нелегалниот пазар
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.