Седум лица се ранети при напад со рачна граната во близина на собир на локални племенски старешини во пакистанската област Јужен Вазиристан. Началникот на локалната полиција Ханзеб Мохманд за РСЕ изјави дека старешините на племето Ахмадзаи Вазир одржувале џирга во областа Вана на 16 ноември кога се случи нападот. Засега никој не ја презеде одговорноста, а Мохманд рече дека полицијата истражува.
Во соседниот племенски округ Северен Вазиристан, официјални лица и локалното население рекоа дека едно лице загинало, а тројца се ранети во три одделни инциденти претходниот ден. Меѓу ранетите има и двајца припадници на обезбедувањето кои беа нападнати од неидентификувани вооружени лица во областа Норак во Мир Али.
Неколкумина загинати во судир меѓу полицијата и демонстрантите во Пакистан
Пакистанските безбедносни сили извршија масовна воена операција во северозападните племенски области во јуни 2014 година, а подоцна тврдеа дека милитантните групи се искоренети од регионот.Сепак, континуираните напади на групата Техрик-е-Талибан познати како пакистански талибанци, сугерираа дека групата се вратила.