Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа пред полноќ во Пирот загинале две лица, а 20 се повредени.
До несреќата дошло кога, комбито со мигранти, во обид да избегне полициска контрола, удрило во столб и се превртело на кров.
Мигранти ја пробиле оградата на границата со Полска
Во возилото имало 22 илегални мигранти. Двајца мигранти загинале, а четворица се потешко повредени. Во пиротската болница велат дека меѓу повредените има 19 странци и еден српски државјанин. Мигрантите главно биле малолетни.
Уапсен е 39-годишниот возач од Белград. Тој се сомничи за тешко дело против безбедноста во сообраќајот, недозволен премин на државната граница и криумчарење луѓе.