Седуммина работници починале откако пиеле алкохолно средство за дезинфекција помешано со вода и безалкохолен пијалак, соопшти камбоџанското Министерство за здравство.
Бројот на починати од труење со алкохол во Русија се искачи на 26
Работниците се вратиле од Тајван и биле во карантин поради епидемијата на коронавирус.
Се додава дека 12 други работници биле пренесени во болница поради труење. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење.
Примероци од пијалакот се однесени на лабораториска анализа.