Триесет и осумгодишен државјанин на Република Албанија е приведен вчеравечер на локален пат во селото Оровник во општина Дебрца, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија во нашата држава, соопшти МВР.
Канабис од Африка преку Македонија до пазарот во ЕУ
Во автомобилот „цитроен берлинго“, со албански национални ознаки, кој го возел уапсениот биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, со вредност од околу 350.000 евра, информира полицијата.
„Оваа заплена е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици“, соопшти полицијата.