Во последните 24 часа се регистрирани 601 нов случај на ковид-19, од направени 4.501 тестирања. Оздравени се 304 пациенти, а починале 13 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи најмногу има во Скопје се 217, а потоа следуваат Битола 68, Велес 34, Кавадарци и Куманово по 31, Прилеп и Штип по 28 , Крива Паланка 18, Кочани и Тетово по 17, Гевгелија 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш по 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. За истиот период регистрирани сe 304 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.