Eден демонстрант е убиен, а десетици се повредени во вчерашните протести во Багдад на кои дојде до тепачки меѓу полицијата и поддржувачите на прошиитските милиции. Демонстрантите кои кампуваа во близина на високо обезбедена багдадска Зелена зона повеќе од три недели не ги признаваат резултатите од минатомесечните парламентарни избори на кои проиранските милиции ја изгубија поддршката.
Полицијата употреби солзавец и пукаше во воздух додека демонстрантите фрлаа со камења и се обидуваа да се приближат до Зелената зона во која се наоѓаат владините институции и странските амбасади. Еден демонстрант е убиен, а министерството за здравство соошти дека најмалку 27 цивили и 98 припадници на безбедносните сили се повредени.
Предвремени избори во Ирак
Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадии нареди истрага со која би се утврдило како дојде до протестите. Соединетите Американски Држави, Обединетите нации и други ги поздравија изборите кои се одржаа на 10 октомври, а поминаа без насилство и без поголеми технички пропусти. Партиите кои го оспоруваат резулатот наведуваат дека имало нерегуларности без да дадат докази за нивните обвинувања.