Вкупно 23 приговори се поднесени до државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден. Приговорите се однесуваат на постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021.
Седум приговори поднела политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачки места во општина Старо Нагоричане.
Седум приговори се од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачки места во општина Шуто Оризари, Конче, Кочани и избирачкото место во општина Чешиново-Облешево.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднела еден приговор, кој се однесува на избирачкото место во општина Пробиштип,
Пет приговори се од политичката партија ДУИ, за гласањето во Студеничани и Желино.
ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг
Три приговори се од Група избирачи Енвер Пајазити, кои се однесуваат на избирачки места во општина Брвеница.
Вториот круг од изборите се одржа во недела на 31 октомври.