Последните денови брегот на Дебарското Езеро има илјадници угинати школки, кои, според концесионерот за рекреација и спортски риболов на Дебарското Езеро здружението „Трофта“, се предизвикани поради ниското ниво на водата на езерото. Оваа појава е присутна на над пет километри од брегот на езерото, велат истите извори јавува нашиот дописник од Дебар, Кенан Мимидиновски.
Претседателот на здружението на спортските риболовци „Трофта“, во Дебар Дритан Боцку за Радио Слободна Европа изјави дека оваа појава е мошне загрижувачка, бидејќи говори за штетите што поради минимумот на водата во езерото се нанесуваат на флората и фауната во Дебарското Езеро. Т
„Максималното намалување на водата во езерото ја зголемува температурата на водата по што се појавува и големиот помор – угинување на школките“, вели Боцку.
Концесионерот, според него, за оваа појава ги има информирано и ЕЛЕМ и хидроцентралата Шпилје од каде е добиен одговор дека минимумот на водата се запазува.
Со заштита на животната средина до економски развој
Масовното угинување на школката во Дебарското Езеро според еколошките здруженија во Дебар наголемо ги загрижува сите дебарчани, бидејќи флората и фауната во езерото и целиот еко систем се нарушени.
За минимумот на езерото, на неколку пати реагираше и локалната власт во Дебар која побара од страна на ЕЛЕМ да го почитува гарантираниот минимум .