Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон апсолутно е на ист став со Велика Британија, Германија и Франција за враќање на Иран на разговори за нуклеарниот договор. Блинкен во интервјуто за Си-Ен-Ен додаде дека сепак е нејасно дали Техеран е искрено подготвен искрено да се врати на преговорите.
Забелешките на Блинкен доаѓаат на еден ден откако Соединетите Американски Држави, Германија, Франција и Велика Британија го повикаа Иран да продолжи да го почитува нуклеарниот договор од 2015 година со цел „да се избегне опасна ескалација“. Договорот, според кој Иран ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на глобалните санкции, пропадна во 2018 година кога тогашниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите Држави од договорот, по што Техеран почна да ги прекршува ограничувањата за збогатување ураниум утврдени со договорот.
„Навистина зависи од тоа дали Иран е сериозен во намерата тоа да го направи“, рече Блинкен за повторното вклучување на Иран во преговорите за нуклеарната програма.
Во Париз разговори меѓу претставници на САД и на Европа за Иран
„Наште земји, кои патем работат со Русија и Кина, силно веруваат дека тоа ќе биде најдобриот пат за одење напред“, додаде тој.
Лидерите на светските сили кои преговараат со Иран се надеваат дека ќе го убедат Техеран да престане да збогатува ураниум до ниво што е речиси на ниво на оружје.
„Доколку Иран не сака да се врати на преговорите, се разгледуваа сите опциите неопходни за справување со овој проблем“, рече Блинкен.
Во меѓувреме иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан денеска рече дека претседателот на САД Џо Бајден може да издаде „извршна наредба ако САД се сериозни во врска со повторното приклучување на преговорите за нуклеарниот договор.
Координаторот на ЕУ за нуклеарни преговори во посета на Иран
„Доволно е Бајден утре да издаде извршна наредба и САД да објават дека повторно се приклучуваат на договорот од моментот кога неговиот претходник го напушти.Ако постои сериозна волја во Вашингтон да се врати на договорот, воопшто нема потреба од сите овие преговори“, рече иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.
Разговорите меѓу Иран и светските сили за спасување на договорот, кои започнаа во април, треба да продолжат на крајот на ноември.