Илјадници луѓе почнаа да се собираат во главниот град на Судан, Картум на протести со барање за обновување на владата предводена од цивили, која беше соборена со воен удар. Демонстрантите носеа судански знамиња и додека маршираа низ улиците на главниот град извикуваа „военото владеење не е за пофалба“ и „оваа земја е наша, а нашата влада е цивилна“.
Во изминатава недела неколку илјади Суданци веќе излегоа на улиците за да протестираат против соборувањето на кабинетот на премиерот Абдала Хамдок. Воениот удар го изведе генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, по што Западот ги замрзна стотиците милиони долари наменети за помош.
Во досегашните протести најмалку 11 демонстранти загинаа, а 170 се ранети во судирите со безбедносните сили оваа недела.
Суданската војска ќе го претстави новиот шеф на владата во рок од една недела
Војската по приведувањето на привремениот премиер во Судан, ја презеде власта во Картум, распоредувајќи вооружени трупи во кои беа вклучени и паравоените сили за брза поддршка. На денешните протести безбедносните сили ги блокираа патиштата што водат до комплексот на Министерството за одбрана и аеродромот, како и повеќето мостови што го поврзуваат Картум со неговите збратимени градови Омдурман и Картум Север.
Африканската Унија го суспендираше Судан поради воениот удар
И покрај досегашното крвопролевањето, организаторите на денешниот протест имаат за цел да организираат „милионски“ марш против воената промена на власта, слично на масовните протести што доведоа до соборување на автократот Омар ал-Башир во 2019 година.