Пандемијата со ковид- 19, климатските промени и глобалната сиромаштија беа темите за кои денеска невообичаено долго дискутираа американскиот претседател Џо Бајден и папата Франциско, како дел од посетата на Бајден на Ватикан. Ватикан соопшти дека приватната средба траела еден час и 15 минути, а потоа биле доделени уште околу 15 минути за фотографирање и размена на подароци.
Петдневната европска турнеја на Бајден вклучува и присуство на самитот на индустријализираните земји на Групата 20 (Г20) во Рим и разговори со европските сојузници за иранската нуклеарна програма и други билатерални прашања.
Бајден треба да присуствува и на светската климатска конференција во Глазгов, додека светот се бори да се справи со ефектите од климатските промени и глобалното затоплување.
Бајден на средби со Макрон, Ердоган и папата Франциск
Средбата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп со Папата во 2017 година траеше околу 30 минути, а поранешниот претседател Барак Обама помина околу 50 минути со Френсис во 2014 година.
Бајден е вториот католик кој ја извршува функцијата претседател на САД, по Џон Ф. Кенеди од 1961-63 година.
Дводневниот самит на Г20 треба да започне на 30 октомври во главниот град на Италија.