Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ смета дека не треба да се предимензионира влијанието на изјавата на премиерот Зоран Заев дека ако го изгуби Скопје ќе се повлече од премиерската позиција, а владата ќе ја предводи некој од СДСМ. Тој вели дека таа нема нешто драматично да смени.