Професорот Никола Дујовски смета дека пораките на премиерот Зоран Заев за борба против злото со цел да не се врати минатото се непотребни. Според него, сигурно ова не е политика која што ќе ги убеди граѓаните заради стравот од ВМРО да гласаат за СДСМ. Тој порачува дека била потребна многу поразлична кампања, попосветена кон граѓаните, а не со заплашување дека ако не се они на власт другите ќе направат уште поголемо зло. Тоа како што наведува, Дујовски, се видело на 17 октомври дека дава лош резултат.