Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Скринингот на учениците почна вчера, а се тестираат ученици од средни училишта во Скопје и од повеќе основни училишта низ земјата.
Министерот верува дека до крајот на неделава ќе се истестираат за ковид-19 околу 500 деца, имајќи ја предвид динамиката со која пристигнуваат изјавите со согласност од родителите.
„Досега нема стигнат позитивен тест на ниедно дете во училиштата, било во основните, било во средните што е одличен знак. Но, да почекаме се уште е рано. Тие родители кои не даваат согласност се оди на алтернатива на друго дете во класот согласно методологијата. Досега некаков отпор нема, не верувам дека ќе има. Апелирам да се свесни родителите дека со земање обичен брис не е никаков ризик и како метода многу ќе научиме за ситуацијата со епидемијата кај нас“, рече Филипче.
Скринингот на ученици по случаен избор неефикасен против ковид-19
Во врска со скринингот за хронично болните, посочи дека за скринингот разговараат со претставници на Светската здравствена организација и ќе ги вклучат и тие експерти и тоа ќе трае подолго време.
Скринигот треба да опфати 8200 ученици, а според Министерството за здравство има за цел рано детектирање на ковид-19. Но, експерти, претходно во анализа за РСЕ, оценија дека тестирањето или треба да се врши редовно или да се прави само на учениците кои ќе пројават симптоми за да го има посакуваниот ефект.