Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски вели дека лошите резултати за владејачкиот СДСМ во првиот круг од локалните избори делумно се резултат на лошите политики на централната власт, а делумно поради тоа што во фокусот на изборната кампања беа националните, наместо локалните теми.