Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција по вчерашниот прв круг од локалните избори изјави дека скопјани победиле и дека е време за промени.
Таа потенцираше дека „има водство од 5.300 гласа пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов“.
„Скопје го огреа сонце денеска, скопјани донесоа победа во Скопје за водство во првиот круг. Скопјани покажаа дека е време за промени. Благодарам на сите кои го дадоа својот глас за мене, и за поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и сите останати партии, но најмногу благодарност до граѓаните“, рече Арсовска на денешната прес-конференција.
Од Обвинителството за првиот изборен круг: Поткуп, закани, пијанства...
Вчера во Македонија се одржаа седмите локални избори. Во првиот круг се избрани над 26 градоначалници, а во останатите општини и градови ќе има гласање во втор круг. Пред вториот круг во водство е опозициската ВМРО-ДПМНЕ. До ДИК, МВР и до Обвинителството има поднесоци и пријави за поголем број изборни нерегуларности и повреди на изборниот процес.