Ефикасноста на вакцините против ковид-19 ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Заштитата од вакцината на Фајзер/Бионтек се намалува со текот на времето
Тој посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас покажува дека вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата меѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.
„Вакцинацијата против Ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. Вакцинирајте се. Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас“, напиша Филипче.
Досега во Македонија се вакцинирани околу 800 илјади луѓе, од кои 756 илјади целосно.