Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Курти: Ќе го спречиме шверцот, нема толеранција за криминални групи

Премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека акцијата на косовската полиција, поради која населението на северот на Косово протестираше денеска, била насочена против шверцот на стоки во Приштина, Пеќ, Северна и Јужна Митровица.


Во протестите се повредени осум лица.


Во објавата на својот фејсбук профил, Курти посочи дека овие дејствија се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и додаде дека претходно била спроведена истрага.


„Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани. Ќе има борба против нив. Ќе се бориме и ќе спречиме шверц“, напиша Курти.


Тој додаде дека полициската акција е завршена, но ги повика граѓаните во Северна Митровица, каде што живее мнозинско српско население, да не станат жртви на информациите објавени од српските медиуми „кои штитат криминал, корупција и шверц и сакаат да се политизираат ситуацијата".


Инаку денеска косовската полиција употреби солзавец против демонстрантите кои се упатија кон полицијата во Северна Митровица, изразувајќи незадоволство од полициската акција против шверцот на стоки.



Брнабиќ ги повика НАТО и КФОР да реагираат во Косово
Солзавец на протестите во Северна Митровица против акцијата на косовската полиција


Барикада направена од камиони беше поставена во Северна Митровица, во близина на населбата Бошњак, на главниот пат што води од југ кон север од градот.


Според директорот на Здравствениот дом во Северна Митровица, Златан Елек, шест лица се повредени за време на полициската акција. Тој не прецизира за какви повреди станува збор, бидејќи, според него, „пациентите се во фаза на дијагностика“.


Косовската полиција заплени разни стоки и одредени материјални докази за кои постои сомневање дека се шверцувани.


„Акцијата, која се уште трае, се прошири на неколку локации во Косово, вклучувајќи го и регионот на Северна и Јужна Митровица, Приштина и Пеќ“, се вели во соопштението на косовската полиција.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus