Бројот на жртвите што починале откако испиле алкохол кој содржел етанол се искачи на 17, изјавија официјалните лица, додека полицијата соопшти дека неколку лица се приведени.
Регионалната полиција информираше дека жител во градот Орск е уапсен за наводно дестилирање на алкохолот во неговата куќа, а тројца други мажи се приведени за дистрибуција на алкохол во локалните продавници.
Регионалната единица на националниот Истражен комитет, која соопшти дека се приведени само тројца осомничени, додаде дека на местото каде што се произведувал алкохолот е пронајдена значителна количина.
Од алкохол починале 10 лица во Русија
Прес -службата за регионалниот гувернер, пак соопшти дека се пријавени вкупно 33 случаи на труење со алкохол, од кои 17 смртни случаи.
Труењата со домашен алкохол се редовна појава во Русија, бидејќи луѓето бараат поевтини опции отколку вотката што ја купуваат во продавница. Во декември 2016 година, 78 луѓе починаа во и околу сибирскиот град Иркутск, откако пиеле миризлив лосион за бањи кој содржел метанол - токсичен вид индустриски алкохол.