Бројот на загинати во циклонот Шахин кој се движи по копнениот дел на Оман денеска се искачи на пет, а неколку ирански рибари се водат за исчезнати.
Властите во Оман соопштија дека пронашле тело на човек кој исчезна кога поплавите го однеле од автомобилот.
Кога вчера бурата стигна до копното, едно дете се удавило, а двајца странци настрадале во свлечиште.
Поплави и тропски циклон во Индонезија, над 120 мртви
Спасувачите во Иран пронашле тело на еден од петтемина рибари кои исчезнаа во близина на иранската граница со Пакинстан.
Заменик-претседателот на иранскиот парламент Али Никзад вчера рече дека стравува оти во циклонот настрадале шест рибари.
Индиската метеоролошка служба, која ги прогнозира движењата на циклоните во Индискиот Океан, соопшти дека ветровите на циклонот Шахин ослабнале до брзина од 90 километри на час и дека ќе продолжат да слабеат. Цилонот Шахин пристигна на копното со ветрови со брзина од 150 километри на час.
Обединетите Арапски Емирати, каде што се наоѓаат Абу Даби и Дубаи, издадоа предупредување до жителите дека пристигнува невреме. Силните ветрови стигнаа во Емиратите вчера и проструија низ комплексот на новоотворената Светска изложба Експо 2020 Дубаи.