Во изминатото деноноќие се регистрирани 494 нови случаи на коронавирус. Регистрирани се 22 починати, од кои 12 во изминатите 24 часа, а 10 од 7 до 29 септември. Направени биле 3.425 тестирања, информира Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје 231, Куманово 49, Велес 31, Штип 24, Кавадарци 23, Охрид 19, Кичево 17, Прилеп и Кочани по 16, Струмица 12, Битола 8, Струга 7, Тетово 6, Гевгелија 5, Делчево 4, Неготино, Радовиш и Виница по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод по 2, и Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по еден нов случај.
Кратово најзаразен град со ковид и со најниска вакцинација
Починатите се на возраст од 49 до 94 години.
Регистрирани сe 474 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.