Италијанскиот премиер Марио Драги објави дека на 12 октомври ќе се одржи вонреден самит на земјите од Г20 за Авганистан, на кој ќе се разговара за хуманитарната помош и борбата против тероризмот во таа земја. Тој рече дека смета дека должност на најбогатите земји во светот е да направат нешто за да избегнат хуманитарна катастрофа.
Економијата на Авганистан пред колапс
Италија претседава со Групата 20 најиндустризирани и најбрзорастечки земји во светот. Драги рече дека самитот ќе се прошири и на другите учесници, како Обединетите нации, Катар, Шпанија и Холандија. Малку е веројатно дека самитот ќе се одржи со физичко присуство на учесниците, бидејќи редовниот самит на Г20 е закажан за 30 и 31 октомври во Рим во присуство на шефови на влади и држави на тие земји.