Главните преговарачи во техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, утре во Брисел ќе разговараат за кризата во северно Косово, најави деновиве Петер Стано, портпарол на европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел. Стано претходно потврди дека заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Габриел Ескобар ќе биде вклучен во активности насочени кон изнаоѓање решение за кризата во северно Косово. Борел оцени дека за „безусловно отстранување на тензиите на северот на Косово“, косовските полициски сили мора веднаш да се повлечат, а српските барикади на патиштата да бидат отстранети.
МВР на Косово: Србите одбија КФОР да ги замени специјалците
Неколку денови, Србите од северот на Косово ги блокираат патиштата кон премините Јариње и Брњак, преку кои може да се помине само пеш. Тие го започнаа протестот на 20 септември, кога владата во Приштина испрати специјални полициски сили во Јариње и Брњак за да ја спроведат одлуката за замена на српските регистарски таблички.
Захарова: Москва е загрижена поради тензиите на Косово
Поради ситуацијата на северот на Косово, Армијата на Србија е во состојба на зголемена борбена готовност, а нејзините борбени авиони во изминатите три дена во неколку наврати прелетаа над областа во близина на преминот Јариње. КФОР вчера потврди дека го зголеми бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, а особено на северот.