Модулантата болница во Дебар од давањето во употреба па се до денес служи само за вакцинација и во ниту еден момент овде не се примени пациенти позитивни на Ковид 19 , изјави за Радио Слободна Европа директорот на дебарската болница Баки Алили . Ковид центарот, како што наведе, се наоѓа во одделот за интерни болести при општатата болница.
Тој додава дека модуларната болница била предвидена само како тријажен центар и притоа објаснува дека за модуларната болница , управата на дебарската болница има обезбедено комплетна опрема за гасење на пожари. Според него овие податици биле изнесени на специјалната комисија на Министерството за здраство за време на контролата на центарот реализирана деновиве.
,,Уште на почетокот на пандемијата првите пациенти позитивни на ковид 19 од општините Дебар и Центар Жупа , биле хоспитализирани во Ковид центарот во одделението за интерни болести бидек таму имало одлични просторени услови но во оваа одделение е и централниот систем за кислородна терапија“, објаснува директорот Алили .
Поради оваа состојба Модуларната болница се користи само за масовна вакцинација на населението притов Ковид 19 од општините Дебар и Центар Жупа, и покрај тоа што овој објект има и 10 кревети .
Инаку последниот месец во модуларната болница има масовно вакцинирање на населението од двете општини така што во овој период од 31 процент бројот на вакцинирани сега е околу 62 отсто. Според одговорниот за вакцинација во модуларната болница доктор Лулзим Струкчани до денес само една доза на вацини имаат добиено 7625 лица додека двете дози ги примиле 6224 лица.