Државниот руски универзитет Перм каде пред два дена при вооружен напад загинаа 6 лица и десетици други беа ранети, од следната недела ќе продолжи со редовната настава. Гувернерот на Перм, Дмитриј Махонин денеска изјави дека студентите ќе се вратат во во своите училници на 27 септември, што ќе и даде време на полицијата да ја заврши истрагата за нападот.
Неколку мртви во престрелка на рускиот универзитет во Перм
Напаѓачот Тимур Бекмансуров пре два дена облечен во црна маскирна облека со ловчека пушка влезе во универзитетската зграда и отвори оган врз своите колеги студенти. Дел од нив при нападот успеаа да се засолнат, дел скокнаа од прозорецот на вториот кат во обид да се спасат од пукањето.
Полицискиот билтен покажува дека при нападот загинале еден маж и пет жени на возраст од 18 до 66 години. Во болница биле примени 43 ранети лица од кои 11 се уште се хоспитализирани.
18 годишниот напаѓач Бекмансуров бил ранет при полициското приведување. Тој е во лоша здраствена состојба откако му бил ампутиран долен дел од ногата.
Осум мртви во престрелка во руски универзитет, напаѓачот убиен
Полицијата го истражува пукањето и допрва треба да каже кој бил мотивот на Бекмансуров. Пукањето е втор голем напад на вооружен напаѓач во образовна институција во Русија за четири месеци. Претходно ваквите напади беа исклучително ретки во Русија.
Универзитетот се наоѓа во градот Перм, околу 1.200 километри североисточно од Москва.