Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Бајден во ОН: „Отвораме нова ера на немилосрдна дипломатија“

Американскиот претседател Џо Бајден го бранеше повлекувањето на САД од Авганистан, во својот прв говор пред Обединетите нации, велејќи дека неговата администрација се обидува да се фокусира на дипломатијата за да одговори на бројните глобални предизвици.


„Завршивме 20-годишен конфликт во Авганистан и додека ја затвораме оваа ера на немилосрдна војна, отвораме нова ера на немилосрдна дипломатија“, рече Бајден во денешното обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации. 


Соочувајќи се со критики од сојузниците поради хаотичното повлекување од Авганистан, Бајден повтори дека американската војска „не смее да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме низ целиот свет.“ 


„Мисијата мора да биде јасна и остварлива, преземена со информирана согласност од американскиот народ и секогаш кога е можно во партнерство со нашите сојузници“, рече Бајден.



Генерално Собрание на ОН- прв говор на Џо Бајден


Тој додаде дека „наместо да продолжиме да се бориме со војните од минатото, ние ги фокусираме нашите очи“ на други глобални предизвици како што се пандемијата со Ковид-19, климатските промени и кршењето на човековите права.


Бајден рече дека светот стои на „пресвртница“ среде огромен број кризи и дека решавањето на предизвиците „ќе зависи од нашата способност да ја препознаеме нашата заедничка човечност.“


Тој, исто така, рече дека светот треба мирно да управува со „глобалната динамика на моќ“.


Без да ја спомне Кина, Бајден се осврна на тензиите меѓу двете нации, но рече дека САД не бараат „нова Студена војна или свет поделен на ригидни блокови.“


„Соединетите држави се подготвени да соработуваат со секоја нација која ќе се засили и ќе бара мирна разрешница во споделувањето предизвици, дури и ако имаме интензивно несогласување во други области“, рече Бајден.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus