Во изминатото деноноќие регистрирани се 464 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени вкупно 4 553 тестирање и евидентирани се 23 починати од компликации од коронавирусот. Од новорегистрираните случаи во Скопје се евидентирани 225, потоа во Куманово 42, и Струмица 35. Пријавени се 23 починати лица од кои 11 од Скопје, потоа по три од Охрид и Струга и две од Велес.
Стевановиќ: (не)верувањето во Ковид е клучно за борбата против пандемијата
Од пријавените, 21 лице е починато во болнички услови и две се починати во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Според епидемиолошки анализи во моментов најголем број на активни случаи е евидентиран во Скопје со вкупно 5858, потоа во Тетово со вкупно активни 1184 на заразени со ковид-19 и во Куманово со вкупно 898 активни случаи.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројот на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а на активни случаи изнесува 13.412.