Кривичниот совет на Основниот суд Гостивар донел решение да се укине мерката притвор на Зоран Милески - Кичеец, што му беше одреден како мерка по сообраќајната несреќа во која загина едно лице. Укинувањето на притворот значи дека Милески се враќа на отслужување на 3-годишната казна што ја доби за случајот „Рекет“.
Од Основен суд за МИА потврдиле дека постапувале по жалба на одбраната на осомничениот и Кривичниот совет донел решение за преиначување на мерката. Од судот нагласуваат дека, одлуката е донесена во работно време и според законските рокови за решавање по жалба од 48 часа.
Милески е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота во која загина 34 годишен гостиварец. Истрагата утврдила дека Кичеец додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје, но на патот Кичево - Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.
Инаку тој се уште ја издржува 3-годишната затворска казна за случајот “Рекет”. Но, и покрај тоа користел погодности и бил на лекување заради тахикардија, време во кое ја предизвика сообраќајната несреѓа со жртва.