Денешното живеење е тешко да се замисли без компјутер. Во секојдневието или на работа, овие машини веќе се дел и од образовниот процес, во школите и универзитетите. Но, и покрај тоа, не секој може да си дозволи да купи компјутер. Затоа Борче Стаменов од Струмица поправа употребени компјутери и потоа ги донира. Во разговор со РСЕ тој зборува за иницијативата преку која се доделени стотици компјутери.