Европската унија не планира да ја признае новата влада на Авганистан, откако ќе биде објавена, но ќе се соработува со администрацијата предводена од Талибанците на „оперативна“ основа. Еврокомесарот за надворешна политика Жозеп Болер на денешната прес конференција изјави дека блокот од 27 држави ќе ги координира своите контакти со Талибанците преку заедничко присуство на ЕУ во Кабул за да ги надгледува евакуациите и да се осигура дека владата во Кабул ќе ги исполни обврските за безбедноста и човековите права.
"За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да соработуваме со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман", изјави Борел.
Тој додаде дека Талибанците мора да формираат инклузивна, претставничка влада, да дозволат слободен пристап до хуманитарна помош и да дозволат странски државјани и Авганистанци во ризик да ја напуштат земјата.
„Одлучивме да работиме координирано, да ги координираме нашите контакти со Талибанците, вклучително и преку заедничко присуство на Европската унија во Кабул доколку се исполнети безбедносните услови“, додаде Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Словенија.
ЕУ размислува за сили за брза реакција по евакуацијата од Кабул
ЕУ, исто така, ќе се обиде да го координира ангажманот со партнерите во регионот во области како што се миграциските текови и организираниот криминал, рече тој.