Во пресрет на двегодишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност како делумна наследничка на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), од Агенцијата денеска информираа дека успеале речиси целосно да го усогласат своето работење и интерната регулатива со новото законодавство.
На денешната прес конференција на директорот на Агенцијата Виктор Димовски изјави дека Агенцијата во изминатата година речии ги финализирала реформските напори и ја динамизирала и унапредила соработката, како на домашен план, со сите институции кои имаат и извршуваат безбедносни задачи, така и на меѓународен, како дел од безбедносниот систем на НАТО-Алијансата.
Во изминатата година Димовски посочи дека Агенцијата, како и останатите институции работеле во услови кои беа диктирани од светската пандемија и продолжен изборен процес кој наместо три месеци траел осум месеци.
АНБ со засилени безбедносни мерки за време на престојот на Авганистанците
„Продолживме со процесот на кадровско освежување и обновување и во тие рамки со гордост можам да истакнам дека она што го ветивме и го остваривме, а тоа е дека десетте најдобри студенти на македонските универзитети веќе започнаа со работа во АНБ. Ова не беше само еден чин, ова ќе биде процес и со ваквиот однос кон најдобрите студенти првенци на генерацијата ќе продолжиме и во периодот пред нас. Вратите на АНБ за најдобрите студенти секогаш ќе бидат отворени“, изјави Димовски.
Одбраната на Камчев тврди дека белешката од АНБ е единствен доказ за неговиот притвор
Тој посочи дека во изминатиов период извршиле неколку активности.
„Како што веќе знаете, тоа беше објавено во соработка со МНР и со надлежното ЈО. Она што ние го откривме и го документиравме тоа е постоењето и функционирањето на група од три плус осум, вкупно 11 припадници коишто прибираа и располагаа со одредени количества на оружје, експлозивни материјали, вклучувајќи самоубиствени елеци и коишто имаа намера да извршат атак на витални објекти во нашата држава. Сето ова во соработка со двете надлежни институции беше благовремено превенирано и процесуирано,“ изјави Димовски.
МВР: Разбиена ќелија на ИД во Северна Македонија
Тој истакна дека Агенција успеала да открие и документира четири организирани криминални групи коишто изготвувале лажни ПЦР тестови.