Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен Ф9, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од ЦУК, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.
„Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција“, велат од ЦУК.
Се укинува забраната за движење во шуми
Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.
На почетокот на август во земјава имаше неколку големи пожари, во чие гаснење земјава доби помош до земјите до регионот.