Државата не е транспарантна во процесот на издавање концесии за користење на водите во земјата, сметаат еколошките организации од алијансата „РазбистриСе“. Тие бараат измени на Законот за води за да се овозможи јавноста да има увид во издавањето на ваквите дозволи и да може навремено да реагира.