Многу е веројатно дека ќе има уште еден напад на аеродромот во Кабул, предупреди американскиот претседател Џо Бајден, велејќи дека воените команданти му рекле дека тоа може да се случи веќе денеска, пренесува Би -Би -Си.
Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно сериозна“ и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока“.
Бајден посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска Држава (ИСИС-К) нема да биде последен одговор.
„Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа,“ истакна Бајден.
САД убија двајца припадници на ИСИС-К во нападот со дрон
САД се одмаздија за нападот во Кабул
Американската војска вчера соопшти дека во нападот со дрон во авганистанската провинција Нангархар загинале двајца припадници на ИСИС-К.
Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскито огранок на Исламска Држава(ИСИС-К) врз аеродромот во Кабул на 26 август, при што загинаа 13 американски војници и 170 Авганистанци.