Вкупно 74.000 денари (1200 евра) ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Луѓето се повикани да се оддалечат од аеродромот во Кабул поради можен напад
Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе се испрати клучната порака, на солидраност и ќе се покаже дека мала земја, рамо до рамо со развиените држави, подава рака во најтешките моменти.
„Зошто се опредилвме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност“, рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.
Влада- Земјава ќе згрижи 780 Авганистанци во периферијата на Скопје
Премиерот дополни дека од авганистанските граѓани прво ќе стигат се миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на македонската армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.