Вториот авион со членови на персоналот на ОН од Авганистан пристигна во казахстански град Алмати. Тие таму ќе бидат привремено сместени. Луѓе го напуштаат Авганистан откако талибанските милитанти ја презедоа контролата врз власта.
Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, денеска соопшти дека во Казахстан пристигнале 120 патници од Авганистан, а меѓу нив има и членови на неколку авганистански невладини организации кои соработуваат со Мисијата за помош на Обединетите нации во Авганистан (УНАМА) и други агенции на ОН, акредитирани во оваа земја, зафатена од војна.
ОН минатата недела започна привремено преместување на своите вработени во Авганистан во Алмати. Првиот авион кој донесе 141 лице вработени во агенциите на ОН пристина во Алмати од Кабул на 18 август.
Шефицата на УНАМА, Дебора Лајонс тогаш рече дека 60 лица од членовите на нејзиниот тим ќе останат во Казахстан и од таму на далечина ќе ги координираат активностите на УНАМА во Авганистан.
Заев: Спремни сме да прифатиме цивилно население од Авганистан
Талибанците се обврзаа дека ќе го заштитат дипломатскиот персонал и персоналот на ОН, како дел од нивните напори да постигнат односи со јавноста и да го покажат, како што велат, новиот имиџ со кој сакаат да избегнат меѓународна изолација.
ОН и нејзините агенции имаат околу 3.000 вработени Авганистанци, покрај меѓународниот персонал.