Американската потпретседателка Камала Харис денеска изјави дека Соединетите Држави се „трајно ангажирани“ во Азија, во време кога ситуацијата во Авганистан предизвикува загриженост кај сојузниците на Вашингтон.
„Нашата администрација вети континуирана посветеност кон Сингапур, Југоисточна Азија и Индо-Пацификот“, рече Харис во Сингапур, од каде што ќе отпатува во посета на Виетнам.
Таа рече дека Соединетите Држави се „светски лидер и дека сериозно ја сфаќаат таа улога“.
Бајден: 11.000 луѓе биле евакуирани од Кабул во текот на викендот
Талибанското лидерство ќе дискутира за формирање на идна влада
Многу азиски земји, кои долго време се потпираа на американското влијание или американските сили за нивната безбедност, чекаат охрабрувачки сигнали од САД по хаотичното повлекување од Авганистан и пристигнувањето на Талибанците на власт.